„Има големо искуство и многу работи. И да дојде по полноќ, не одмора, прво ќе чита нешто, а има коефициент на Ајнштајн, можеби и поголем“.
Вака за новоизбраниот технички премиер Талат Џафери зборува неговиот брат Нешат. Во интервју за косовската „ТВ Клан“ тој вели дека Талат секогаш наоѓа правилен и реален пат за подобар соживот на народите во Македонија, без разлика на која нација или вера припаѓаат.