More

    Имаме регулатива за ефикасна борба против корупцијата

    spot_img

    Професорката Рената Дескоска, поранешна министерка за правда, во интервју за порталот Рес публика вели дека секое решение за зајакната борба против корупцијата и криминалот е добредојдено, но мора да е усогласено со Европската конвенција за човекови права.

    „Секое решение кое придонесува за зголемена и зајакната борба против криминалот и корупцијата е добредојдено, но неспорно е дека во таа борба мора да се почитуваат правата на правична постапка и другите права од Европската конвенција за човекови права. Според моето мислење и согласно сегашната регулатива, надлежните органи можат да водат ефикасна борба против криминалот и корупцијата’.

    Ова го изјави Рената Дескоска, професорка на Правниот факултет во Скопје и поранешна министерка за правда, во интервју за порталот Рес публика, на прашање во врска со предложените измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки.

    – Во Македонија најлесно е решението за непостапување на одредени органи да го барате во законски измени. Неодамна разговарав со еден странски експерт кој помага во реформите во судството кај нас. Кога ме праша за мислење какви препораки да даде, на шега му реков: „Ако сакате да ни биде полесно, дајте ни препораки за менување на закони. Тоа лесно ќе го направиме. Ако сакате да ни е потешко, дајте ни препораки за менување на праксата на институциите.“ Според мене, капацитетни институции можат да изградат добра пракса и врз лош закон, лоши институции можат да потфрлат и во услови на добра законска рамка. За жал, кај нас се случува второво – вели Дескоска.

    Во врска со уставните измени, таа вели:

    – Мислам дека оваа тема ќе се активира по парламентарните избори и ќе биде едно од клучните прашања околу кое ќе се градат коалициски сојузи по изборите. Уставните измени не се пропаднати, туку се само одложени за по изборите. Државава има преземено обврска да ги спроведе договорените уставни измени и таа обврска нема да исчезне, без оглед колку тоа граѓаните ги нервира или фрустрира. Со неа ќе мора да се справи новата влада по изборите.

    Целото интервју прочитајте го на следниот ЛИНК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img