Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп би можел да ја предводи Рома, пренесува „Il Messagero“.
Според италијанскиот медиум, Рома може да започне со потрага по нов тренер доколку тимот не покаже константни резултати под водство на Даниел де Роси, кој го презеде тимот во јануари.
На 26 јануари, Клоп го објави своето заминување од Ливерпул на крајот на сезоната. Педесет и шестгодишниот фудбалски стручњак ги води „Мерсисајдерите“ од 2015 година. Под негово водство Ливерпул освои седум трофеи, освојувајќи ја Премиер лигата, ФА купот, Лига куп, национален Суперкуп, Лига на шампиони, Суперкуп на УЕФА и Светско клупско првенство.