More

    КУЌНИОТ ПРИТВОР НА НЕЗИРИ ВЕРОЈАТНО Е УКИНАТ ПОД ПРИТИСОК НА ДУИ

    spot_img

    Според Европскиот сојуз за промени, зад одлуката на Апелацискиот суд Скопје да му го укине куќниот притвор на претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири – еден од осумтемина осомничени за насилниот упад во Македонската навигација (М-НАВ) веројатно стои притисок од ДУИ во пресрет на изборите.

    За коалицијата која ја сочинуваат трите опозициски партии на Албанците – Алтернатива, Беса и Демократско движење, целиот случај со Незири е сомнителен, како што е сомнителен целиот наш правосуден систем.

    Ваквиот став на Европскиот сојуз за промени денеска го пренесе пратеникот на Беса во Собранието, Фадил Зендели на прес-конференција, од каде, како што рече, вината за овие настани ја гледаат во власта.

    – Сомнителен е целиот процес, како што е сомнителен целиот наш правосуден систем за кој имаме големи забелешки и од Европската Унија и од сите релевантни меѓународни институции. Знаете дека довербата на граѓаните во оваа институција е само четири проценти и тој пинг пинг што го играат институциите внатре, еднаш му даваат куќен притвор, а потоа го пуштаат, па му ја одземаат патната исправа е една игра и веројанто е пристисок од страна на ДУИ и од страна на власта за сега пред избори нивниот важен член тука во Скопје да не е таму каде што му е местото согласно закон – изјави Зендели.
    Луѓето од власта, додаде тој, се навикнати да вршат притисок врз правосудните органи секогаш кога треба да заштитат нивни високи функционери.

    – Упадот во М-НАВ беше многу тежок. Го осудија сите институции, има јасни докази за дејствијата на сите овие лица, но овие дејствија не се јасни само за луѓето од власта кои се навикнати да вршат притисок врз правосудните институции секогаш кога треба нивните луѓе или нивните високи функционери кои се криминализирани во многу афери да ги заштитат – рече Зендели.

    На укинувањето на куќниот притвор на Незири денеска реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ, чиј партиски лидер, Христијан Мицкоски рече дека „тоа се тие реформи коишто ги нуди европскиот фронт“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img