More

    Трајко Вељаноски потсетува дека таа била измислена во други околности и за други цели

    spot_img

    Трајко Вељаноски, поранешниот собраниски спикер се противи на Пржинската влада, бидејќи, според него, ваквата влада била резултат на други околности.

    – Пржинската влада е хибридно решение кое е направено во други околности и за други цели. Тоа беше за влада која некои ја викаат техничка, а таа е чисто Пржинска влада. Тогаш, се формираа три Пржински влади пред да бидат изборите во 2016 година. Едната беше во ноември и таа ја предводеше Никола Груевски. Во неа беа вклучени двајца министри од СДСМ – Оливер Спасовски и Фросина Ременски. Втората Пржинска влада беше во јануари каде што согласно Пржинскиот договор премиерот требаше да си поднесе оставка, па затоа тогаш дојде Емил Димитриев. Тогаш СДСМ не ни учествуваше во гласањето за своите министри. Во септември 2016 година беше формирана и третата Пржинска влада во којашто учествуваше СДСМ и таа влада ги спроведе изборите во декември 2016 година. И тогаш беше така регулирано, таква влада се формира само за изборите во 2016 година. Оваа Пржинска влада е спротивна на Уставот и законот на организација на органите на државната управа – вели Вељаноски.

    Тој го образложи своето мислење како треба да изгледа политичката сцена во Македонија.

    – Јас сметам дека треба да се има политичка влада и да си ги спроведе изборите. Треба да имаме демократска култура на признавање на резултатите – потенцира Вељтрајаноски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img