На Велико поле на планината Игман и годинава традиционално се одбележа годишнината од Игманскиот марш, поточно 82-та година од големиот поход на Народноослободителната војска, пренесува Кликс.
Со традиционален марш и положување венци, бројни национални и регионални делегации, како и илјадници граѓани, им оддадоа почит на припадниците на Првата пролетерска бригада, кои учествуваа во големиот потфат во Втората светска војна.
Членови на антифашистички здруженија и бројни граѓани во 9 часот се собраа пред Националниот музеј во Сараево и положија цвеќе на Пландиште. Потоа на Брезовача беше формирана колона учесници, од каде сите се упатија кон Велико поле на Игман, каде беше изведена соодветна програма.
– По Лисабон, ова е најголемата антифашистичка манифестација во цела Европа. Горди сме што многу години луѓето – антифашистите препознаваат и што драгите души, со големо срце и гордост, ја носат својата радост на Игман, и сето тоа заедно создава убава слика која ја порачуваат антифашисти – изјави претседателот на Сојузт на антифашисти и борци од НОБ на Босна и Херцеговинана кантонот Сараево, Мирсад Ќатиќ.
Игманскиот марш е воена операција од Втората светска војна, кога борците на Првата пролетерска бригада од опсадата на силните германски сили во Романија почнале да се пробиваат кон Сараево. Нивниот план бил да стигнат до тогаш ослободената Фоча. Пробивот започнал на 25 јануари. За два дена дошле на Сараевско поле. Најтешкиот дел бил почетокот на искачувањето кон Игман.
Преминувањето преку Игман е извршено ноќта помеѓу 27 и 28 јануари, во длабок снег и екстремен студ. Тој марш стана легендарен за 40-те тешко премрзнати борци кои беа префрлени на лекување во Фоча, каде што издржале натчовечката болка од ампутирање на замрзнати делови од телото без анестезија, потсетува Кликс.