Пред нас е нов студен бран со силен северен ветер

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По краткотрајниот пораст на температурите и попуштање на студот, веќе за време на овој викенд, како и во почетокот од следната седмица, нашата територија ќе биде зафатена од нов студен бран од север, но овој пат без некои обилни врнежи. Само во сабота особено на планинските места ќе има услови за сосема слабо и краткотрајно провејување на снег, пишува во најновата прогноза на Славчо Попоски.

– Под влијание на нов многу студен бран од север, за време на овој викенд, како и во почетокот од следната седмица времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Особено долж Повардарието и во источните предели ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец. Повремено ветерот ќе достигнува брзина од над 60 км/час – вели Попоски.

Тој додава дека локално ќе има и провејување на слаб снег. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од – 10 до – 2 степени, но тие понекаде ќе се спуштат и под-10 степени, со што на повеќе места ќе има појава на силен мраз.

– Во Скопје и околината очекуваме слично време. Студено и ветровито со засилен ветер од северен правец, а ќе има услови и за сосема слабо и локално провејување на снег. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу – 5 и – 2 степени, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 2 и 4 степени – ни рече Попоски.

Share This Article