Една од најубавите жени на светот во последните неколку децении, „жешката“ Софија Вергара на јавноста и каже дека нејзиното убаво тело и облини биле клучни во градењето на кариерата во шоубизнисот.
– Големите гради и тело ми отворија врати – изјавила Софија за странските медиуми. Таа се присетила на времето кога почнала да работи како модел и целата заслуга за нејзината светска слава ја припишува на нејзиниот добар изглед.
– Тоа беше мојот пасош за светот кога имав 20 години и почнав да се занимавам со манекенство и како модел, но денес имам 51 година и сè уште сум тука – рекла Вергара.
Актерката објаснува и како ризикувала во кариерата, што и ја зацврстило кариерата и дека не се потпирала само на добриот изглед.
– Има поубави и помлади жени, кои имаат поголеми гради и подобро тело од мене, но јас сум сепак тука затоа што покажав дека можам – рече таа и додаде дека ако луѓето ги гледаат само нејзините гради, а не нејзиниот талент, тогаш тоа е нивен проблем – изјавила актерката која ужива статус на секс симбол.