More

    Тројца скопјани заработија кривични пријави

    spot_img

    Тројца жители на Скопје заработија кривични пријави откако полицијата откри дека тие нелегално поседуваат менувачница при што вршат купуваат и продаваа стански валути и платежни средства и чекови.

    Имено, единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ф.(61),И.Ш.(55) и М.Х.(39), сите тројца од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови” по член 55 од Законот за девизно работење.

    „На 13.01.2024, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал извршиле претреси во три деловни простории во Скопје, при што ги затекнале пријавените при неовластено вршење купопродажба на странски пари односно работеле како менувачници без да имаат регистрирано правно лице во Централен регистар и без овластување издадена од Народна Банка на РМ“, информираат од МВР.

    Оттаму додаваат дека при претресите биле пронајдени машина за броење на пари,поголема сума на пари во различни апоени и валути и други предмети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img