Израел го обвини Катар за нападот на Хамас на 7 октомври по кој започна војната во Газа. Острата реторика започна кога израелскиот министер Бенјамин Нетанјаху рече дека иако улогата на Катар е проблематична, а Доха одговори дека Нетанјаху е позагрижен за сопствената кариера отколку за спасувањето на заложници кои ги држи Хамас, пишува ДејлиТелеграф.
На ова возврати израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич велејќи дека Катар е „покровител на Хамас и во голема мера е одговорен за масакрот извршен од Хамас врз израелските граѓани. Катар е земја која го поддржува тероризмот и го финансира тероризмот“.
Плусинфо пишуваше за тројцата главни лидери на Хамас кои се луксузираат во Катар и се возат со приватни авиони, а заедно „тежат“ 11 милијарди долари.
Катар учествуваше во преговорите за замена на заложници меѓу Израел и Хамас во ноември и помогна да се постигне еднонеделно прмирирје со што беа ослободен 105 заробеници од кои повеќето беа израелски граѓани и деца.
Се смета дека Хамас држи уште 132 лица во заробеништво.