More

    Штрајкот продолжува – Советот на СОНК утре ќе го анализира ставот на Владата

    spot_img

    И покрај повикот од Владата, просветните работници нема да го прекинат штрајкот. Ова денеска со соопшти претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој истакна дека во текот на утрешниот ден ќе се носи одлука во однос на владиниот став.

    „СОНК очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата, а во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта. Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува“, напиша Неделков на Фејсбук.

    Претходно, по одржаната 40-та седница, Владата ги повика просветните работници да го прифатат покачувањето на платата од 10 проценти и да се вратат на работа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img