More

    Дипломатите реагираат на уште едно скандалозно назначување генерален конзул

    spot_img

    За Генерален конзул во Мелбурн, Австралија, МНР предлага целосно анонимна личност, на која единствена квалификација ѝ е дека била дел од безбедносниот тим на премиерот Димитар Ковачевски – алармира Македонскиот дипломатски синдикат.

    Синдикатот реагира против, како што вели, растечкиот тренд на разбивање на професионалноста и внатрешните регулативи во Министерството за надворешни работи.

    По скандалозните именувања на партиски кадри во текот на минатата недела на клучни позиции во дипломатската мрежа, денеска се соочуваме со нов „дипломатски бисер”. Имено, за Генерален конзул во Мелбурн се предлага целосно анонимна личност, на која единствена квалификација, според медиумите, е дека била дел од безбедносниот тим на премиерот Димитар Ковачевски.

    И покрај обидите за прикривање на информацијата за назначувањето на г-ѓа Елена Брајковска за генерален конзул, користејќи креативни флоскули од типот „нема таква точка на отворената седница“ иако овие одлуки се носат на затворени седници, денеска именуваната веќе ги собира потребните потписи во МНР пред отпочнување на подготвителните процедури за упатување.

    Веќе укажавме, Македонскиот дипломатски синдикат бил и ќе продолжи да биде последниот бедем и механизам за зачувување на угледот и професионалните стандарди во дипломатската служба. Затоа повикуваме за итна ревизија на овие упатувања и враќање на дипломатските стандарди во државата.

    На крајот, сè уште чекаме одговор од министерот Бујар Османи за флагрантното кршење на Законот за надворешни работи при упатувањето на г-дин Мухаби Синани како генерален конзул во Њујорк.

    Пред да го добиеме одговорот, упатуваме на целосно читање на Законот, односно да се обрне внимание на член 5, од истата измена која беше наведена како основ за ова упатување (Сл. Весник 226/2015) со која се додава нов член 35-а кој гласи: „Најмалку една третина од вкупниот број на шефови на дипломатско-конзуларни претставништва се именуваат од редот на дипломатско-конзуларните службеници со високи дипломатски звања во Министерството.“

    Со оглед на ова, прашуваме кое е дипломатското звање на Синани и дали се крши Законот за надворешни работи“ – се вели во соопштението на Макеоднскиот дипломатски синдикат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img