More

    Ова апаратче со ВИ е како апликација за сите потреби!

    spot_img

    Замислете нова генерација на апарати и софтвер кој ќе ги замени сегашните мобилни телефони кои функционираат со апликации. Зарем има нешто кое може да ја замени или да ја забрза услугата, односно илјадниците услуги кои ни ги даваат разните апликации?

    Токму за ова нашироко се дебатира меѓу аналитичарите. Тие велат дека ќе дојде нова генерација на софтвер кој ќе користи вештачка интелигенција која ќе ги замени нашите мобилни телефони. Плусинфо веќе пишуваше за тоа дека наскоро ни следува уште една, нова дигитална револуција која ќе го смени начинот на кој комуницираме со апликациите, во доменот на интерфејсот и дека дури ни програмерите нема да ни бидат потребни за да ја тренираме вештачката интелигенција по наш терк.

    Но, се чини дека ќе постојат и цели апарати со вештачка интелигенција кои можат да бидат конкуренција во овој свет.

    Еден од првите вакви продукти кои беа претставени пред неполни две недели на пазарот е „Рабит 1“. Оваа мала направа, со мал дисплеј, микрофон и камера од 360 степени го комбинира тоа што го прават многу апликации во едно. Истовремено, таа може да биде ваш ВИ-асистент. Преку нејзе можете да нарачате такси, да уплатите за одмор кој асистентот сам ќе ви го испланира, да го прашувате прашања исто како Чат ГПТ….да го врзувате со вашите сметки на Спотифај, Гугл, Мидџурни, Далл-Е…па дури и да го тренирате чекор по чекор да прави задачи наменети само за вас.

    Ви се јаде нешто ново? Сликајте го вашиот фрижидер со „Рабит 1“ и кажете му да ги препознае состојките што ги имате на рафтовите и потоа да ви предложи јадење од она што е на залиха.

    Производот предизвика голема врева преку Атлантикот иако никогаш не може да се знае каква ќе биде неговата судбина. Слободниот пазар е непредвидливо нешто. Промотивната цена за „Рабит 1“ е 199 долари, за што неговите развивачи велат дека е 10 пати помалку од 2.000 долари, колку што округло чини најскапиот Ајфон на денешницата.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img