Никола Јокиќ му донесе нова победа на Денвер откако во последниот напад со тројка го потврди триумфот над Индијана со 114:109. На тој меч забележа трипл-дабл со 31 поен, 13 скока и 10 асистенции, а по мечот, за нешто беше видно нервозен, а камерата ја „фати“ и неговата пцовка на српски.
Додека Џамал Мареј даваше изјава по натпреварот и откри дека малку учи српски за подобро да комуницира со својот најдобар соиграч, Јокиќ помина покрај него.
– Стануваме подобри, јас учам малку српски, тој учи англиски, па мислиме дека добро ја вршиме работата. Мислам дека се развиваме кога станува збор за нашето разбирање на играта – рече Мареј.
Тогаш покрај него поминува Јокиќ во лошо расположение, зборува нешто сам со себе, а точно покрај микрофонот „опалува“ и српска пцовка, што измамува насмевка на лицето на Мареј.
Соиграчите на Никола Јокиќ се запознаени со Србија, а некои и со неговиот роден град Сомбор, бидејќи Ерон Гордон дојде да го посети имотот на Јокиќ претходното лето.