Македонскиот реперзентативец пикер, Милан Лазаревски ќе остане во Вардар најмалку до 2026 година откако и официјално го продолжи договорот со „црвено-црните“. Лазаревски во Вардар дојде пред две години, и двете страни се задоволни од соработката брзо се договорија за продолжување на договорот и за наредните две години, објави РК Вардар на официјалниот клупски сајт.
Лазаревски кој за две седмици ќе го прослави својот 24 роденден, сезонава е еден од предводниците во тимот, и со своите игри се наметна и во репрезентацијата на Македонија. Настапи на ЕП што сега се одржува во Германија, а каде Македонија играше во групната фаза.
Одличните игри и во одбрана и во напад го ставија на пиедесталот како еден од најдобрите пивотмени во Македонија.
– Верувам во овој проект, во клубот во кој сум сега, и драго ми е што ќе останам и понатаму дел од Вардар. Ова е место што овозможува голема индивидуална и колективна надградба на сите играчи. Благодарен сум за довербата и вниманието што го добивам од стручниот штаб и управата на клубот. Овој тим што сега го има Вардар допрва ќе го покаже своето вистинско лице. Мое е задоволството што ќе бидат дел од таа приказна – вели Милан Лазаревски.
Клубот продолжува со задржување на играчите на кои смета и во иднина, со што костурот на тимот и во иднина ќе биде ист. Лазаревски е еден од неколкуте сегашни играчи што го продолжија договорот со Вардар.
– Големо е задоволството што успеавме да го задржиме Милан Лазаревски во нашиот тим, и покрај сите понуди што ги имаше од екипи од Европа. Тој покажа од самиот почеток на сезоната еден континуиран напредок и веќе е играч на кој може сериозно да сметаме, и ние и македонската репрезентација. Драго ми е што тој го препозна она што ние го работиме во клубот и сигурен сум дека заеднички ќе ги оствариме сите наши зацртани цели за оваа сезона. Можам да потврдам дека 90% од играчите имаат двогодишни договори, што укажува на тоа дека сакаме да бидеме стабилен тим и да го смениме сегашниот начинот на фукционирање на клубовите во Македонија и Вардар да биде позитивен пример за градење на долгододишни проекти – вели извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски.
Во пролетниот дел од сезоната, во разигрувањето за титулата Вардар ќе стартува со три бода, и пред себе ќе има уште 14 кола, во обид за враќање на титулата, и за здржување на Куп титулата.