More

    Трамп го освои Њу Хемпшир: Ја нарекува Ники Хејли натрапник

    spot_img

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја победи поранешната амбасадорка во ОН и поранешна гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли на републиканските прелиминарни избори во североисточната држава Њу Хемпшир, јавува Гласот на Америка.

    Трамп го отвори својот победнички говор пред приврзаниците во Нашуа, нарекувајќи ја Хејли „натрапник“ и велејќи дека „држела говор како да победила“.

    „Таа не победи, таа загуби… имаше многу лоша ноќ“, рече Трамп.

    Претходно, 45-тиот американски претседател објави неколку лути пораки на неговата апликација Truth Social, отфрлајќи ја Ники Хејли како „заблудена“.

    Трамп беше прогласен за победник многу брзо по затворањето на гласачките места. Од пријавените 82 отсто од гласовите, Трамп имал поддршка од 143.416 гласачи (54,8 отсто), додека Хејли добила 114.055 гласови (43,6 отсто), според податоците на новинската агенција Асошиетед прес.

    Гувернерот на Флорида Рон Десантис, кој во неделата вечерта објави дека се повлекува од трката за номинација, доби 1.801 глас (0,7 отсто).

    Конечната разлика се уште не е позната, но како што сега стојат работите, се чини дека повиците на дел од републиканците Хејли да се откаже од трката само ќе се интензивираат.

    Сепак, претходно истиот ден, изборниот штаб на Ники Хејли вети дека таа сигурно ќе продолжи да се бори за номинацијата барем до таканаречениот „супер вторник“, 5 март, кога гласачите во дури 16 држави гласаат во ист ден. .

    Истото го направи и самата Хејли на постизборен митинг во главниот град на Њу Хемпшир – Конкорд.

    „Оваа трка е далеку од завршена. Јас сум борец и не се откажувам. И сега ние сме последни, со Доналд Трамп“, рече Хејли.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img