More

    Бени Шеќири и Никола Алексов заедно го чекаат курирот со отказот

    spot_img

    Новиот директор на МКЦ, музичарот Бени Шаќири директорската канцеларија ја дели со сега веќе поранешниот директор детективот Никола Алексов, кој не сака да ја напушти канцеларијата, бидејќи сѐ уште не бил разрешен и немал причина да си оди.

    Шаќири во разговор за Плусинфо ја потврди оваа информација и додаде дека бил во супер односи со веќе поранешниот директор Алексов.

    – Точна е информацијата, двајцата сме во иста канцеларија. Имаме супер однос со Алексов. Примопредавањето на функцијата се одвива најнормално. Останува чисто формално да се реши неговото разрешување кое сѐ уште не е пристигнато од Град Скопје – ни изјави Шаќири.

    Градоначалничката Данела Арсовска, Алексов го назначи за в. д. директор на 18 јануари 2023, за потоа да му го продолжи мандатот во мај и уште еднаш во ноември. Решението пак за Шаќири е потпишано на 10 јануари без притоа да биде известена институцијата и останатите кандидати што се пријавија за директорското место во МКЦ.

    Освен  Шаќири, пријавени беа и филмскиот работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.

    Алексов пак кој е дипломиран детектив, беше поставен на функцијата во јануари минатата година откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев. Рекации следуваа од Програмскиот совет на МКЦ кои рекоа дека Богоев, кој 36 години е дел од институцијата, е сменет бидејќи не сакал да го вработи пејачот Бени Шаќири, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Од МКЦ рекоа дека тогашниот генерален секретар на Градот Зоран Глигоров вршел екстремни притисоци да се потпише вработување на Шаќири.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img