More

    ОН: Во Газа 570.000 луѓе се соочуваат со катастрофален глад

    spot_img

    Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA) денеска на платформата Ix (X) објави дека 570.000 луѓе во Газа се соочуваат со „катастрофална глад“.

    Во војната на Израел против Хамас, повеќето од 2,3 милиони жители на палестинската територија беа раселени и се создаде акутен недостиг на храна, вода и лекови.
    Во Рафа и Кан Јунис на југ, шатори и импровизирани засолништа го покриваат речиси целото расположливо земјиште, а бројни семејства живеат во преполни станови, засолништа на ОН во училиштата или спијат на болнички подови, јавуваат агенциите.

    Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) овој месец предупреди дека израелските власти систематски го спречуваат пристапот до северниот дел на Појасот Газа и испораката на помош, што во голема мера ги наруши хуманитарните операции.

    Израел, кој претходно негираше дека ја блокирал помошта, ќе се соочи со притисок да дозволи повеќе испораки денеска на состанокот на Советот за безбедност во Њујорк.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img