Министерството за здравство во Појасот Газа, управуван од Хамас, денеска соопшти дека од 7 октомври досега во израелските напади на малата територија загинале вкупно 25.490 Палестинци, а 63.354 се ранети.
Најмалку 195 Палестинци загинаа, а 354 се ранети во изминатите 24 часа, додаде Министерството.
Повеќето од жртвите се жени и деца, а илјадници тела не се вбројуваат како жртви бидејќи се под урнатините низ цела Газа, пренесуваат агенциите.