More

    По 107 дена неуморно известување: Мотаз Азаиза ќе биде евакуиран од Газа, ја објави веста во емотивно обраќање

    spot_img

    Фоторепортерот Мотаз Азаиза стана гласот на Газа и нејзиниот народ по избувнувањето на последниот конфликт на 7 октомври 2023 година. Од тој ден до денес, тој ја документира бруталноста на израелската држава врз цивилното население во Газа, собирајќи повеќе од 18 милиони следбеници на Инстаграм. Сепак, тој донел тешка одлука да биде евакуиран.

    Истакнатиот палестински фоторепортер, Мотаз Азаиза, ќе биде евакуиран од Газа во вторник, по 107 дена опширно, детално покривање на бруталните и недискриминирачки израелски напади врз неговиот народ.

    Азаиза (24), кој стана гласот на Газа од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година, ја објави својата одлука да замине во емотивно видео, во кое се збогува со колегите.

    „Ова е последен пат да ме видите во овој тежок елек. Решив да се евакуирам денес…Се надевам дека наскоро ќе се вратам и ќе помогнам во обновата на Газа“, рече Азаиза во потресна објава на социјалните мрежи, без да ја открие неговата следна дестинација.

    Азаиза му ги донесе на светот вистинските ужаси на теренот во Газа од првите моменти на војната, каде Израел уби најмалку 25.295 Палестинци и повреди 63.000 други.

    Азаиза имаше само 25.000 следбеници на Инстаграм пред почетокот на војната, но сега има 18,2 милиони следбеници. Во последните 107 дена жонглираше меѓу новинарските обврски и помагањето на цивилите, а беше прва адреса за бројни информации од прва рака.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img