Поради хуманитарната криза во Јемен предизвикана од осумгодишната граѓанска војна, се повеќе деца се погодени од глад.
Во одделот за борба против неухранетост во болницата Сабин во Сана, лекарите со полни раце работа се обидуваат да спасат деца со екстремно ограничени ресурси. Меѓу оние кои се лекуваат е и тринаесетгодишното момче Хасан Мухамед Ахмед, а многу од пациентите во ова одделение се помлади од него.
Светската здравствена организација минатата недела објави дека започнала програма за поддршка за лекување на 18.000 деца кои страдаат од неухранетост во Јемен.
Јемен е место на конфликти и насилство од 2014 година, кога бунтовничкото движење Хути ја презеде контролата врз поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана. Конфликтот ескалираше една година подоцна кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници застанаа на страната на јеменската влада и почнаа да вршат воздушни напади врз позициите на бунтовниците.
Според Обединетите нации (ОН), во Јемен, каде владее една од најтешките хуманитарни кризи во светот, на меѓу 22 и 30 милиони луѓе им е потребна помош и заштита. Повеќе од 233.000 луѓе загинаа во осумгодишниот конфликт.