Меѓународната заедница да реагира на фашизоидните тенденции на Бугарија, отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ е провокација, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ, која побара и премиерот Димитар Ковачевски од Европската Унија да побара и писмени гаранции за нашиот идентитет, јазик и историја.
„СДСМ и Ковачевски се единствени што не го осудија промовирањето на фашизам од страна на Бугарија. Ковачевски не го осуди отворањето на клубот ‘Ванчо Михајлов’. Ковачевски е на линија со бугарските фашизоидни тенденции. Добрососедство не се шири со провокации, туку со добра волја и искрени намери. Доколку Петков е за добрососедство тој ќе отвори македонски културни центри во Бугарија. Ковачевски да го повика Петков и на почитување на македонското малцинство во Бугарија“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму порачуваат дека Ковачевски мора да се придржува и до Декларацијата од Собранието, која е гарант на македонската нација, историја и јазик.