More

    Ескалира ситуацијата во Еквадор

    spot_img

    Еквадорскиот обвинителот Сезар Суарез кој го истражуваше упадот на членови на нарко банда во националната телевизија, вчера бил убиен додека возел кон судот во Гвајакил, најопасниот град во земјата.

    Локалната полиција соопшти  дека тој бил застрелан повеќе пати.

    Суарез го истражуваше минатонеделниот напад во телевизијата, кога членови на банда упаднаа во студио за време на програма во живо и го држеа персоналот под закана со оружје. Во врска со нападот се уапсени 13 лица, меѓу кои и двајца малолетници.

    Упадот се случи набргу откако озлогласениот шеф на нарко бандата Адолфо Масијас Фито избега од затвор, предизвикувајќи национална вонредна состојба и ноќен полициски час во земјата.

    Ситуацијата во Еквадор ескалира последниве денови кога е регистриран пораст на насилството, вклучително и експлозии во некои градови, киднапирање на полицајци и земање затворски персонал како заложници.

    Дваесет и две криминални банди се прогласени за терористички организации додека претседателот Даниел Нобоа се обидува да ги прекине немирите поврзани со трговијата со дрога.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img