Спасовски за ТВ21: Ќе се посветам проевропскиот фронт да ја добие довербата на граѓаните, спротивниот коцепт не нуди ништо

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за ТВ21 запрашан на што ќе се посвети по завршувањето на мандатот како министер истакна дека целосно ќе се посвети проевропскиот фронт да ја добие довербата на граѓаните.

„И последниот ден, секако дека ќе одработам максимално, со сите работни задачи кои ги имам во Министерството за внатрешни работи, а секако дека понатаму продолжуваме со активности. Јас кажав и претходно, во други интервјуа, дека за мене императив ќе биде борбата проевропскиот фронт ја добие довербата кај граѓаните. Ќе се борам максимално да успееме на тој пат заради тоа што само тој пат е иднината за државата, и сметам дека преку заедничкa борба на сите истомисленици коишто ѝ посакуваат среќна и просперитетна иднина на оваа држава, може да се успее да отвориме перспективи за граѓаните. Затоа што јасно е во државата дека имаме два спротивставени концепти, еден со јасна визија каде треба да се движи државата, што е тоа што треба да направиме за иднината на граѓаните, како да расте економијата, да имаме просперитет, визави другиот концепт, којшто практично не нуди ништо. Тоа се некакви сувопарни тези коишто се пласираат повеќе од популистички аспект пред граѓаните. Меѓутоа, ако поразговарате посериозно кои се методите да се дојде до одредени чекори, мислам дека таму нема концепт со јасна визија. Така да, секако ќе бидам посветен на таа борба”,, порача министерот Спасовски.

Share This Article