Жозе Мурињо ја презема Барселона? Шпанците објавија договор кој ќе одекне низ фудбалскиот свет

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Иако претходно раководеше со Реал Мадрид, Португалецот беше понуден на каталонскиот гигант.

Жозе Мурињо доби отказ од Рома, на која по 15 години и го донесе трофејот со освојувањето на премиерното издание на Конференциската лига. Португалецот претрпе пораз од 3:1 од Милан на Сан Сиро, а откако доби отказ, со солзи во очите ги напушти клупските простории.

Сепак, најверојатно тој нема уште долго да бара нова работа, а шпанските медиуми дури најавуваат сензационален расплет од целата ситуација. Ел Национал пишува дека Мурињо би можел да ја преземе Барселона.

Иако претходно седеше на клупата на Реал Мадрид, неговиот агент Жорге Мендеш наводно го предложил на Барселона и нејзиниот претседател Жоан Лапорта со кои има одлични односи. Шпанците пишуваат дека Чави е пред отказ откако загуби со 4:1 во Ел Класико во финалето на шпанскиот Суперкуп, а наводно ја загубил и довербата во соблекувалната.

Мендеш ја искористи разнишаната ситуација во Барса и Лапорта истакна дека Мурињо е подготвен веднаш да зачекори на позицијата главен тренер во случај Чави навистина да добие отказ. Ова би била сензационална работа на Каталонците, која навистина би одекнала во светот на фудбалот.

Share This Article