Српската пејачка Марија Шерифовиќ на почетокот на декември преку сурогат мајка доби син на кого му го даде името Марио.
Среќната вест подоцна ја објави на социјалните мрежи, а редовно објавува фотографии и видеа со синот, не криејќи ја среќата.
Марија сега разнежни многумина со фотографијата од нејзиниот син и облеката која е направена специјално за него.
Станува збор за маица на која панда е облечена во сини панталони и со шешир и значка на шериф, а над неговата глава пишува: „Шериф“.
Пејачката гордо го сподели ова и јасно стави до знаење кој е сега „газда во куќата“.
Сите празници ги поминаа заедно во Белград, во луксузниот стан во Белград на вода. Марија без сомнение ужива во најубавата улога во животот.
ФОТО: Инстаграм