Израелската армија соопшти дека во напад со беспилотно летало на Западниот Брег, во близина на кампот Балата, го елиминирала Абдулах Абу Шалал, како што наведе, главниот терористички лидер во оваа палестинска енклава

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Израелската армија соопшти дека во напад со беспилотно летало на Западниот Брег, во близина на кампот Балата, го елиминирала Абдулах Абу Шалал, како што наведе, главниот терористички лидер во оваа палестинска енклава, кој планирал непосреден напад.

Според соопштението, тој бил убиен во комбинирана операција спроведена од армијата и безбедносната служба Шин Бет, пишува „Тајмс оф Израел“.

Војската соопшти дека Абу Шалал е одговорен за низа неодамнешни напади, вклучително и пукањето во населбата Шимон Хацадик во Ерусалим, во кое беа повредени двајца Израелци и за поставување бомба која рани еден војник.

Израелската војска тврди дека Абу Шалал добивал пари и инструкции од Иран и терористичките групи во Газа и во странство.

Палестински извори соопштија дека во нападот врз неговиот автомобил загинале три лица.

фото: МИА

Share This Article