More

    На виделина излегоа нови детали од врската меѓу покојната британска кралица Елизабета Втора, Меган Маркл и принцот Хари

    spot_img

    На виделина излегоа нови детали од врската меѓу покојната британска кралица Елизабета Втора, Меган Маркл и принцот Хари.

    Капка која ја прелила чашата помеѓу покојната британска кралица Елизабета Втора и принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, била одлуката на Меган и Хари да ја наречат својата ќерка Лилибет, што бил нејзиниот прекар од детството, без благослов на кралицата, откри член на персоналот на покојната кралица.
    Ако ѝ се верува на најновата биографија на Роберт Хардман, насловена „Чарлс Третиот: Нов крал, нов двор. Приказна однатре“, покојната кралица Елизабета била бесна откако војводата и војвотката од Сасекс јавно објавија дека кралицата во 2021 година не им дала дозвола на својата ќерка да ѝ го дадат името Лилибет.

    Станува збор за прекарот на покојната кралица од нејзините помлади денови, како што најчесто ја нарекувал нејзиниот покоен сопруг принцот Филип. Еден од членовите на персоналот на покојната кралица раскажал дека никогаш не ја видел толку бесна како кога Хари и Меган јавно рекле дека никогаш не би го искористеле приватниот прекар на кралицата доколку таа не им била поддршка во тоа.

    Војводата и војвотката од Сасекс го обвинија „Би-би-си“ за клевета, откако медиумската куќа пренела дека висок извор од Бакингемската палата рекол дека од кралицата не била побарана дозвола за името. Хари и Меган потоа се обидоа да побараат од палатата да ја поддржи нивната верзија на настаните, но беа одбиени, навел писателот Роберт Хардман.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img