Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (51) ја замени зимата за сонце и отпатува на егзотично место каде се одмара последните неколку дена.
Северина направи пауза од настапите и замина на патување во егзотичниот Тајланд.
А сега покажа како го поминува времето.
Северина се соблече во црн костим за капење и уживаше на базен. Сето тоа го снимила и со своите следбеници споделила неколку кадри од одморот.
– Зима, зима – е па што е, ако е зима, не е лав – напишала кратко под серија фотографии.
Пејачката пред неколку дена откри кој и прави друштво на патувањето. Северина е во друштво на ПР-от Давор Гргин и долгогодишната пријателка Ива Радиќ.
ФОТО: Инстаграм