Мис Америка 2024 стана Медисон Марш, 22-годишна убавица од Колорадо која влезе во историјата како прва активна офицерка на воздухопловните сили кој се натпреварувала за титулата и ја освоила.
Поручник на воздухопловните сили и дипломирана приправничка на Харвард победи 50 други натпреварувачки и го освои првото место на изборот за убавина што се одржа во Флорида во текот на викендот.
Марш е првата активна жена офицер од која било гранка на војската која ја претставува Организацијата Мис Америка на национално ниво.
Иако призна дека не знае да танцува или пее, Марш одржа говор во кој го опиша својот прв сомостоен лет на 16-годишна возраст. Таа рече дека тоа ѝ помогнало да ги развие и зајакне своите лидерски вештини.
Марш нагласила дека ќе продолжи да ја користи својата платформа за да разговара со младите девојки за служењето во војска и да ги разбие стереотипите за жените во војската.
Таа исто така изјавила дека сака да ја подигне свеста и да започне истражување за ракот, со оглед на тоа што нејзината мајка починала од рак на панкреасот.
ФОТО: Инстаграм