Македонското државно знаме, како и знамето од Кутлеш (Вергина) се забранети за снимање на Австралија опен

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонското државно знаме, како и знамето од Кутлеш (Вергина) се забранети за снимање на Австралија опен, објавуваат групите на Македонците во Австралија на социјалните мрежи.

Организаторот на турнирот на снимателите од Канал 9, кои ги реализираат преносите од првиот гренслем-турнир во годината, им поделил флаери со знамиња кои не треба да бидат снимани доколку се појават на трибините.

На флаерот со инструкции се знамињата на Палестина, Белорусија, Русија, Тајван, Израел и верувале или не – на Македонија. Освен државното знаме на Македонија, забрането е да се снима и знамето со 16-кракото сонце, во неговата црвена и сина (грчка) варијанта.

Кому во Австралија му пречи македонското знаме? Таму живеат повеќе од 200.000 Македонци по род. По елиминацијата на Лина Ѓорчевска во квалификациите, на турнирот нема ниту еден македонски тенисер. Освен тоа, Република Македонија никогаш не направила ништо неправедно кон Австралија.

За разлика од нашата земја, Палестина и Израел се во војна, Русија е во војна со Украина, Тајван се бори за својата независност со Кина и сѐ уште не е официјално признаенаа држава. Но, Македонија веќе 30 години е членка на ООН, сега е членка и на НАТО и не е во војна со некого.

Со што заслужи нашата земја да се најде во вакво „одбрано“ друштво.

Share This Article