Од 156 фирми собрани околу 49 милиони евра

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Уште една од вкупно осум компании кај кои Управата за јавни приходи (УЈП) спроведува присилна наплата на данок на солидарност, треба да ги подмири обврските од главниот долг и преостануваат за исплата уште шест милиони денари.

– Компанијата е од дејноста трговија со дрва, градежен материјал и санитарна опрема, ги платила каматата и еднократната такса за присилна наплата и има почнато со плаќање на главниот долг, а останува да плати уште 6.226.962 денари – информираше директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска на брифинг со новинарите.

Од 156 компании кои имаат поднесено даночен биланс за данок на солидарност, со обврска за плаќање од 3.029.429.379 денари, во законскиот рок платиле 149 компании, а по истекот на рокот  УЈП почнала постапка за присилна наплата кај осум даночни обврзници и кај седум е веќе завршена.

За Месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН) уплати за ноември 2023 година кои се обработени на 12 јануари годинава за вкупно 540.530 вработени лица, прифатени и неплатени конечни пресметки има за 3.189 работодавачи кои се однесуваат на 7.713 вработени. Неподнесени и неприфатени пресметки согласано законски рок има кај 5.376 работодачи за 7.835 вработени.

Лукаревска соопшти и дека Еуроникел за која за 2 февруари е закажана претстечајно рочиште, согласно наодот по основ на данок на добивка повторно ќе биде во добивка.

– За август лани имаат барање за поврат од 67 милиони денари, за септември 64 милиони, за октомври 25 милиони, а за ноември два милиона. За сите овие месеци имаме направено контрола во Еуроникел со цел да ја видиме основаноста на повратот. Паралелно со тоа имаме спроведено контрола по основ на данок на добивка. Наодот по основ на данок на добивка го пребивме со повратот што го бараат. Согласно наодот по основ на данок на добивка врз основа на тоа се зголемува и пресметката за МДД, односно месечните даночни актонтации и врз основа на тоа ќе бидат повторно во добивка – рече Лукаревска, посочувајќи дека неколкупати разговарала и со Синдикатот за да ја објасни состојбата.

Share This Article