Управата за јавни приходи објави детали за начинот на кој нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на Данок на личен доход.
Лукаревска вели спречена е измама вредна над 160 милиони денари по основ на ДДВ, а по основ на личен доход сумата изнесува речиси 19 милиони денари.
Даночните инспектори ги прочешлале документите кај три даночни обврзници регистрирани за вршење дејности трговија со нафта и нафтени деривати на големо и мало кои пристапиле кон изигрување на законите.
ПОКРАЈ ТОА ШТО ЗАТАЈУВАЛЕ ДАНОК ЈА СМЕНИЛЕ И ОСНОВАЧКАТА СТРУКТУРА, КАЈ ЕДНИОТ ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК СОПСТВЕНИК СТАНУВА ЛИЦЕ ОД ХРВАТСКА, А ВО ДРУГИОТ СЛУЧАЈ ДРЖАВЈАНКА ОД КОСОВО.
Но кај првата и третата фирма како првичен основач се јавува исто лице од Македонија кој во меѓувреме си го променил презимето.