Во периодот јули – септември 2023 година се запишани 1.776 товари врз недвижности со вкупна вредност од 376,6 милиони евра, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН).
Во Центарот за катастар на недвижности – Скопје во третиот квартал лани се впишани 642 хипотеки, во вкупна вредност од 79.752.470 евра, а во 29. подрачни одделенија за катастар на недвижности (ОКН) имало 1.134 товари врз недвижности во вредност од 296 милиони евра.
До крајот на септември 2023 година, потврдени се податоци за 90 катастарски парцели и 407 делови од згради кои се внесени во Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба, покажува Извештајот за работата на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот јули – септември 2023.
Заклучно со третиот квартал во Агенцијата за катастар на недвижности се примени 253.186 предмети, од кои 239.136 се решени, одбиени се 14.207, а нерешени 2.327. Како пренесени од претходниот квартал фигурираат 2.484 предмети.
Од нерешените 2.327 предмети, 108 се со таков статус повеќе од еден месец, односно во ЦКН Скопје повеќе од месец не се решени 83, а во подрачни ОКН 25.