Свршеницата на српскиот актер Милош Биковиќ, Ивана Малиќ, ја сподели првата фотографија откако таа излезе од породилиште.
Познатиот српски актер Милош Биковиќ на 9 јануари за првпат стана татко.
Неговата свршеница Ивана Малиќ на свет донесе момче кое неговите горди родители го крстија Василије, а актерот претходниот ден дошол во породилиште да ги земе. Семејството конечно е заедно, а новите родители уживаат во првите моменти со својот наследник.
Ивана досега не се огласуваше откако доби син, но сега тоа го направи на својот Инстаграм.
Новопечената мајка на својата инстаграм-приказна објави фотографија од гардеробата на бебето која нејзиниот син ја добил на подарок, додека новогодишната елка може да се види во позадината.