Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, денеска објави дека починал неговиот новороден син.
На социјалната мрежа Инстаграм вечерва беше објавена заедничката лоша вест од Кристијано и Георгина.
„Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашето бебе. Тоа е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го живееме овој момент со мала надеж и среќа. Им благодариме на лекарите и медицинските сестри за сета грижа и поддршка. Преоптоварени сме и бараме приватност во ова тешко време“, напишал парот во заедничка изјава на Инстаграм.
Георгина носеше близнаци. Девојчето преживеало, а момчето не.