More

    Заканувачки реакции од Пекинг и Москва

    spot_img

    Кинеската канцеларија за прашања на Тајван денеска соопшти дека победата на кандидатот на владејачката Демократска прогресивна партија во Тајван, Лаи Чинг-те, познат и како Вилијам Лаи на изборите во Тајван нема суштински да ги промени односите меѓу двете страни на Тајванскиот теснец.

    Во изјавата објавена од кинеската државна новинска агенција, Чен Бингхуа, портпарол на Државниот совет за прашања на Тајван, рече дека „резултатите покажале дека Демократската прогресивна партија не може да го претставува преовладувачкото јавно мислење на островот“.

    Кина пред изборите оцени дека Лаи претставува сериозна опасност поради неговите ставови во прилог на независноста на Тајван, кој Кина го смета за своја територија. Исходот на гласањето во Тајван покажа дека овие предупредувања и закани се отфрлени од тајванските гласачи.

    Коментирајќи ја победата на Вилијам Лаи на претседателските избори на Тајван, американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека неговата земја не ја поддржува независноста на Тајван.

    САД не го признаваат Тајван како држава и ја сметаат Кина за единствената легитимна влада, но сепак на островот му обезбедуваат голема воена помош.

    Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен (Ентони) им ја честиташе победата на кандидатот Лаи Чинг-те, како и на народот на Тајван за нивниот „цврст демократски систем“.

    Официјална Москва ги повика денеска „надворешните сили“ да се воздржат од провокации во врска со изборите во Тајван.

    – Ние веруваме дека односите меѓу страните на Тајванскиот теснец се исклучиво внатрешна работа на Кина. Обидите на одредени земји да ги искористат изборите во Тајван за да извршат притисок врз Пекинг и да ја дестабилизираат ситуацијата во теснецот и регионот во целина – се контрапродуктивни и заслужуваат широка осуда од меѓународната заедница. Ги повикуваме сите надворешни сили да се воздржат од провокативни дејства кои ја поткопуваат регионалната стабилност и меѓународната безбедност – изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

    Таа додаде дека позицијата на Русија за Тајван е добро позната, конзистентна и непроменлива – таа територија е составен дел на Кина.

    „Руската страна признава дека има само една Кина во светот, Владата на Народна Република Кина е единствената легитимна влада што ја претставува цела Кина, а Тајван е составен дел на Кина. Руската страна е против независноста на Тајван во која било форма“, го цитира Захарова документот потпишан меѓу Кина и Русија.

    Кандидатот на владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) Вилијам Лаи Чинг-те е победник на денешните претседателски избори во Тајван, а неговите противници веќе го признаа поразот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img