Тридневниот штрајк на машиновозачите низ цела Германија заврши вечерва, но шефот на синдикатот GDL предупреди дека железничкиот оператор Дојче Бан (Deutsche Bahn) треба да се подготви за повеќе индустриски активности што следуваат, пренесе ДПА.
– По завршувањето на овие мерки за штрајк, ќе и дадеме на компанијата (Дојче Бан) малку време да се вразуми – рече вечерва во Берлин шефот на ГДЛ, Клаус Везелски.
– Ако не го сторат тоа, ќе следува следната индустриска акција. Ќе биде подолга и уште потешко ќе ја погоди компанијата, додаде Веселски, без да даде датум за нов штрајк.
Штрајкот во Дојче Бан заврши во 18 часот (1700 часот по Гринич). Индустриската акција што го зафати регионалниот оператор „Трансдев“ заврши во 12 часот, порано од очекуваното.
Дојче бан соопшти дека патниците треба да се подготват за одложувања и откажувања дури и по штрајкот.
Железничкиот оператор очекува работата да се нормализира до утре наутро.