More

    Позната причината поради која 4 земји останаа без електрична енергија

    spot_img

    Речиси цела Црна Гора остана 40 минути без електрична енергија, по што почна нејзино постепено вклучување, пишува црногорскиот весник „Побједа“.

    Во краткото соопштение за медиумите на Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС) се наведува дека проблемот бил во црногорската електродистрибутивна мрежа.

    Повикувајќи се на неофицијални информации од хрватскиот преносен систем оператор, агенцијата Хина јави дека дефектот на електроенергетската мрежа се случил во три земји, прво почнал во Црна Гора, потоа прекинот на струја ја зафатил Босна и Херцеговина, а потоа дел од Хрватска – цела Далмација, до Риека, наводно до трафостаницата Бриње.

    Напојувањето со електрична енергија и во делови од Хрватска и Босна и Херцеговина попладнево постепено почна да функционира.

    Се врати струјата и во делови од Дубровник и во Сплит, но некои делови од Далмација сѐ уште имаат проблеми.

    „Дефектот започна во Албанија и Црна Гора. Полека ги враќаме трафостаниците на струја. Коњско и Закучац се под напојување, се работи и на обновување на другите трафостаници. Тоа е тековен процес, тешко е да се каже кога сите потрошувачи ќе добијат струја, тоа е голем дефект, не се сеќаваме во последните 20 години на толку широк простор да имало толку голем дефект“, соопшти Хрватското електростопанство за Радио Далмација.

    Сѐ јужно од Задар остана без струја, падна далноводот меѓу Грција и Албанија

    – За вакви инциденти, на европско ниво се формираат работни групи кои ќе истражуваат такви работи. Ваквите истраги траат шест месеци – рече на прес-конференцијата Данко Блажевиќ од Хрватскиот оператор за преносен систем.

    – Падна далновод меѓу Грција и Албанија, а потоа дојде до прекин. Но, ова не е официјално, засега се прелиминарни информации“, рече тој, а потоа додаде: „Минатата година го срушивме рекордот во летната потрошувачка, денес бевме далеку од тоа“.

    – Сè јужно од Задар остана без струја. Не го знаеме точниот број на домаќинства. Не треба да постои можност некои делови од Далмација да не добијат струја. Се врши нормализација така што ја вклучуваме мрежата во преносот и напонот го пренасочуваме до дистрибуцијата, а потоа го проследуваме. Верувам дека во некои периферни делови на Славонија имаше и прекини поради испадите во БиХ, но не сум сигурен за таа информација – додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img