Основното јавно обвинителство Скопје информираше дека полицијата го има пронајдено и приведено уште едно лице кое беше осомничено за нападот во М-НАВ, а за истото ќе се бара мерка притвор од судијата на претходна постапка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Основното јавно обвинителство Скопје информираше дека полицијата го има пронајдено и приведено уште едно лице кое беше осомничено за нападот во М-НАВ, а за истото ќе се бара мерка притвор од судијата на претходна постапка.

„Надлежниот јавен обвинител во текот на денешниот ден беше известен од МВР дека е пронајдено и лишено од слобода уште едно од лицата кои беа опфатени со наредбата за истрага за истиот настан. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот кој досега беше недостапен за органите на прогонот“, се вели во соопштението од ОЈО.

Оттаму ја известуваат јавноста дека и покрај тоа што Основниот кривичен суд Скопје вчера информираше дека во предметот за случувањата во М-НАВ Кривичниот совет определил мерки куќен притвор за четворица осомничени, а „против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата“, сепак Законот за кривична постапка не дозволува обвинителството да се жали на донесените решенија.

„Имено, согласно член 169 став 3 од ЗКП, кој е наведен и во правната поука на донесените решенија, само обвинетиот има право на жалба во рок од 24 часа против решението на Советот и за таа жалба одлучува советот на повисокиот суд. За ова веќе постои и претходна судска пракса на Апелациониот суд, па Обвинителството мора да ја почитува одлуката на Судот, иако и натаму смета дека мерката куќен притвор и определените дополнителни мерки на претпазливост не се доволни за обезбедување на осомничените и за заштита на постапката“, пишува во соопштението до Обвинителство.

Share This Article