More

    Лагард очекува прво да се спушти инфлацијата на 2%

    spot_img

    Каматните стапки во Еврозоната ја достигнаа својата највисока точка и најверојатно нема да продолжат да растат, туку ќе почнат да се намалуваат, но не можам да дадам датум, изјави претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард во интервју за француската телевизија Франс 2.

    – Не можам да ви дадам датум. Ако ја добиеме битката со инфлацијата и ако сме сигурни дека инфлацијата ќе биде на 2%, тогаш стапките ќе почнат да се намалуваат – рече Лагард.

    По рапидното зголемување на инфлацијата во Еврозоната, иницирано од растот цените на енергенсите предизвикан од руската инвазија врз Украина во 2022 година, ЕЦБ презеде строги мерки за нејзино зауздување со драстично зголемување на својата основна каматна стапка, која е на рекордно ниво од 4%.

    Откако инфлацијата достигна двоцифрени вредности кон крајот на 2022 година, како резултат на мерките на ЕЦБ и забавеното темпо на раст на потрошувачките цени, во текот на изминатата година инфлациската стапка се намали и минатиот месец беше сведена на 2,9%, што и натаму е над поставената цел на Централната банка од 2%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img