More

    Вчера по радосната вест дека се најдени исчезнатите момчиња во Хрватска, повторно дојде до пресврт

    spot_img

    Вчера (11.01.2024), по радосната вест дека се најдени исчезнатите момчиња во Хрватска, повторно дојде до пресврт. Имено, прво беше пријавено дека се пронајдени трите момчиња кои исчезнале во рок од неколку дена, но само неколку часа подоцна се случи нешто необично.
    Повторно исчезна 14-годишниот Иван Шнајдар.

    Момчето се оддалечило од својата адреса во Загреб, во населбата Брезовица, каде што живее. Имено, двете момчиња кои исчезнаа во Загреб биле сместени во воспитно-поправниот дом за деца во оваа населба (Брезовица).

    Четиринаесетгодишниот Шнајдар е повторно на листата на исчезнати лица кадешто полицијата даде негов опис.

    Соопшти дека е висок 162 сантиметри, има кафена коса и сини очи. Во моментот на неговото исчезнување тој носел сина јакна, црни спортски панталони, бела маица и црни тениски чевли.

    Фотографијата која е објавена е од 2020 година.

    „Често се случува во еден ден да имаме распишана објава, детето да се пронајде и повторно да се оддалечи од установата кадешто е сместено“, вели за Дневник.хр, Анита Матијевиќ од Одделението за малолетничка деликвенција.

    Кога едно лице ќе биде пријавено за исчезнато, полицијата трга на работа.

    „Секако дека се следат движењата на апаратите што ги користи детето, но тие ја вршат и класичната полициска работа на разговор и собирање информации“, тврдат од полицијата.

    Една од причините за бекството е првичното прилагодување на животот во дом.

    „Заљубување, слаби резултати на училиште, можеби несогласувања со друг корисник. Склоноста кон талкање, авантуризмот, недостаток и интернет предизвици каде децата се доведуваат себеси во опасност, има многу причини“, објаснува Вркљан.

    Повеќе од илјада деца годишно бегаат од системот, но голем број се враќаат по неколку дена. Минатата година 22 деца извршиле кривично дело додека биле во бекство.

    „Најмногу деца, 1.200, избегале од системот, додека 337 деца избегале од семејниот дом. Во моментов во Република Хрватска се трага по 39 деца“, вели Томислав Рамљак од Центарот за исчезнати и малтретирани деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img