Чешките ракометари долго ќе го паметат данскиот голман Емил Нилсен.
Ракометарите на Данска ја совладаа Чешка со резултат 23:14 на отворањето на Европското првенство во ракомет, а титулата херој на играта му припадна на голманот Емил Нилсен.
Тоа беше несекојдневен натпревар за данските ракометари, за седум години под водство на селекторот Николај Јакобсен никогаш не виделе помалку голови. Чесите одиграа одлично прво полувреме, заврши со резултат 9:9, но потоа Нилсен ја спушти рампата.
Го замени најдобриот светски голман Никлас Ландин и во најмала рака импресионираше. На теренот мина 31 минута и собра дури 13 одбрани, што му донесе нереален процент од 72 отсто одбрани на средбата.
На крајот од средбата, Чесите можеа само да му се поклонат на Нилсен.