Американската помош за Украина е прекината, соопшти Белата куќа, наведувајќи дека продолжуваат преговорите за пакет мерки за безбедност на границата.
„Помошта што ја даваме во моментов е суспендирана“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби за новинарите во четвртокот, пренесе Ројтерс.
Американскиот Стејт департмент објави 250 милиони долари помош за Украина на 27 декември, исцрпувајќи ги преостанатите наменски средства.
Предлог-законот, кој вклучува 61,4 милијарди долари помош за Украина, беше блокиран од страна на републиканците во Сенатот претходно во декември, бидејќи не содржи строги мерки за американската гранична и имиграциска политика.
Кирби претходно изјави дека поради доцнењето помеѓу потпишувањето на пакетите за финансирање и нивната вистинска испорака, Украина ќе продолжи да ги добива артиклите доделени на 27 декември „во наредните денови и недели“.
После тоа, Кирби не е сигурен дека нешто може да се направи без акција на Конгресот.
Независната американска сенаторка Кирстен Синема на 3 јануари рече дека Сенатот е „блиску“ до договор за мерките за безбедност на границата, што ќе го отвори патот за одобрување помош за Украина. Сепак, некои републикански пратеници се сомневаат дека законот ќе помине во Претставничкиот дом и во Сенатот.