More

    Светот на ВИ и Интернетот ќе се сменат толку што нема да ги препознаеме

    spot_img

    Замислете дека имате потреба од некоја апликација и наместо да најмите ИТ лице тоа да го направи за вас едноставно, со мал внес на компјутерот, добивате персонализирана апликација како погодена за вас. Можете со уште неколку такви инструкции да добиете нешто лично кое го нема друг, а најдоброто нешто е што кога ќе го затворите лаптопот или компјутерот, самата апликација може и да престане да постои за да не ви фаќа место.

    Што е тоа? Новата ера на вештачката интелигенција пристигнува, а таа е наречена „генеративна ВИ“ -креативна ВИ која може да компонира, да создава, пресоздава… Според мислењето на експертот Џаред Фиклин кој стои зад продуктите на многу корпорации тоа ќе смени многу нешта во нашиот свет. Ќе биде како уште една дигитална револуција на која ќе мора да се навикнеме – а ќе биде направена за нас.

    Во примерот со апликацијата, тој вели дека не само што тоа ќе оди брзо и лесно, без потреба од каков било програмерски код, туку и дека фактот што програмата се брише за да не фаќа простор веднаш откако ќе ја затворите, е како некоја „мачка во вреќа“ – иста како познатата мачка на Шродингер која е полужива или полумртва зависно од тоа дали ќе погледнеме во вреќата. Дури, програмата може да се вклучува и исклучува само кога ќе погледнеме во екранот.

    Токму ова е феномен во квантната физика, па затоа UI и UX дизајнерите и софтверџиите се шегуваат дека и самиот интернет ќе стане „квантен“. Аха, значи новиот интернет, оној персонализиран интернет ќе комуницира со нас инстантно. А самите веб-страници кои ќе ги гледаме ќе бидат во моментот преуредени по наш вкус, на база на она што вештачката интелигенција(ВИ) го има како податоци за нас. Апликациите ќе нé разбираат многу подобро.

    Двајца луѓе нема да гледаат идентична веб-страница. Наместо тоа, ВИ, овојпат како генеративна ВИ со голема база на податоци, ќе ги има палката и водството. Според Фиклин сето ова е нормален развој на настаните. Исто како што со појавата на мобилните телефони научивме да типкаме на мал екран, или исто како што со појавата на програмските јазици немаше веќе потреба да помниме што значат единиците и нулите за да испрограмираме нешто, туку помниме команди – така сега ќе се јавува нов начин на комуникација кој ќе биде уште полесен и попрактичен за повеќето од нас.

    Овој медиум, оваа метафора меѓу корисникот и екранот, наречен и интерфејс, ќе може да биде и виртуелен, или пак проектиран како холограм во средината. Всушност, според Фиклин, како ќе биде направен интерфејсот е најтешката работа во процесот, а не програмирањето или немањето технологии. Технологијата веќе ја имаме. Новата „генеративна“ фаза на ВИ доаѓа. А со тоа доаѓаат уште поголема индивидуализација, персонализација и олеснување на секојдневните задачи.

    Дали генеративната ВИ ќе биде само дел од ОВИ – Општата вештачка (самосвесна) интелигенција кон која целат сегашните напори на компаниите?

    Во меѓувреме, многу портали за технологија веќе даваат свои инструкции до компаниите за тоа како да тренираат своја ВИ за сопствените потреби. Засега постојат малку бесплатни големи ЛЛМ јазични модели кои можете да ги тренирате. Многу попрактично би било, на пример, да платите и да го тренирате Чат ГПТ за оваа намена. Експертите велат дека и не треба да се почнува од нула со податоците на кои ќе го тренирате, туку да се користат големи бази на податоци кои би биле спојувани.

    Генеративната вештачка интелигенција носи многу ризици. Најинтересното нешто? Последниот голем ризик кој беше претставен од ВИ на Светскиот економски форум во Давос не е ниту нуклеарна војна ниту преземање на човештвото од страна на роботите, туку нешто, барем навидум, посуптилно – појавата на дезинформации кои ВИ може да ги рашири. Па така, светот може да се претвори во море на неточни или полуточни „исхалуцинирани“ податоци кои потоа можат да доведат до секакви други проблеми, вклучително и за светската економија.

    Новата 2024 година ќе ни донесе уште една новост, а тоа е како ВИ ќе биде уредена со закон и што тоа значи за интелектуалната сопственост. Ако велиме дека големите корпорации не треба да имаат монопол врз информациите и големите бази на податоци, тогаш кој треба да има? Дали секој може и треба да плаќа за информација? Дали ова може да се реши со децентрализирана блокчејн-мрежа на корисници? Дилемите допрва доаѓаат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img