Екстрадицијата на осомничен за двојно убиство, Љупчо Палевски – Палчо, може да се случи наскоро, останува само да се договорат деталите за примопредавање кои се од технички карактер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Екстрадицијата на осомничен за двојно убиство, Љупчо Палевски – Палчо, може да се случи наскоро, останува само да се договорат деталите за примопредавање кои се од технички карактер, информираше претседателот на државата Стево Пендаровски, во интервју за „Тема на денот“ на Телевизија Сител.

Доцна попладнево, изјави Пендаровски, добивме информација дека неговата екстрадиција не е спорна од безбедносно-разузнавачки аспект.

– Практично сега остануваат само техничките детали од она што се нарекува меѓународна правна помош што се случува како процес меѓу двете министерства за правда. Значи, ако смеам да предвидувам, бидејќи ова не е спорно, имаше прашања што со некакви припадници на ФЕТО, паметите…нема да има никакви условувања. Од тој аспект работата е исчистена, чиста, и дека сега останува само да се договорат деталите за примопредавање кои се од технички карактер. Значи, дека таа екстрадиција може да се случи многу скоро, рече Пендаровски.

Share This Article