More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 09 Јануари, 2024

    spot_img

    На 08.01.2024 во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    Полициски службеници на СВР Тетово вчера (8 јануари) околу 18 часот во тетовско Слатино го лишиле од слобода 39-годишниот Ј.И. од ова село, затоа што при претрес извршен со судска наредба во неговиот дом и помошни простории, биле пронајдени марихуана и дробилка. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (08.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 542 возачи. Од нив 39 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, a седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 325 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 217 надвор од населено место.

    На подрачјето на СВР Тетово, вчера (8 јануари) од 14 до 20 часот спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата. При контролата биле откриени и санкционирани 20 возила, односно возачи (ТЕ-18 и ГВ-2) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, најмногу за 30 до 50 километри на час. Покрај ова, со соодветни поднесоци било заокружено и 51 (ТЕ) пречекорување на пропишаната брзина во населено место, од кои 3 за повеќе од 50 километри на час, како и 5 (ТЕ-3 и ГВ-2) други видови сообраќајни прекршоци. На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност.

    На 08.01.2024 во 16.15 часот полициски службеници од ОВР-Кавадарци го лишиле од слобода О.Н.(27) од Кавадарци, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени 75 таблети екстази, бела прашкаста материја и пари. По претходно издадена наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници за недозволена трговија со дрога и оружје од Кавадарци извршиле и претрес во неговиот дом, при што била пронајдена марихуана. О.Н. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 97 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за користење мобилен телефон при возење…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img