Косовскиот премиер Албин Курти се меша во политичката сцена на Албанците во Македонија, обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во вечерашното гостување во емисијата „Топ стори“ на ТВ Топ Чанел – Албанија.
– Курти се меша во политичката сцена на Албанците, Еди Рама не се меша во внатрешните работи на политичкото тело во Северна Македонија, направи напори да ги приближи партиите во Северна Македонија, благодарен сум, благодарен за ваквиот пристап – истакна Ахмети.
Лидерот на ДУИ исто така смета дека јавната поддршка на Албин Курти за претседателскиот кандидат на албанската опозиција во 2019 година била мешење во политичката сцена во Северна Македонија.
– Не сме изразиле патриотизам, ниту емотивен, ниту патриотски, се договоривме со Стево Пендаровски, со Социјалдемократсиот сојуз, му дадовме поддршка, во театар може да прави претстава, но знаеме дека на крајот нема победник – рече Ахмети.
Ахмети изјави дека по најавите за делување на „Самоопределување“ во Северна Македонија – интерес пројави и меѓународната заедница.
– Ме ставија во многу тешка ситуација. Зошто Курти се жали кога Вучиќ има политичка активност во Косово, како објаснувате? Ме оставија без зборови – нагласи Ахмети.