Возило удри во надворешната порта на комплексот на Белата куќа во Вашингтон, соопшти американската тајна служба.
Шефот за комуникации на американската тајна служба, Ентони Гуглиеми изјави дека возачот бил приведен, а истрагата е во тек.
Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар во врска со инцидентот што се случил вчера околу 6 часот попладне.
Тајната служба на САД соопшти дека нема потреба од дополнителна безбедност во врска со настанот.