More

    Во фарма во светиниколското село Амзабегово две лица се затруле, едното починало на лице место, а второто било пренесено во комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

    spot_img

    Во фарма во светиниколското село Амзабегово две лица се затруле, едното починало на лице место, а второто било пренесено во комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

    Според првичните информации, работниците се затруле од хемиска материја.

    Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, за МИА вели дека го потврдуваат случајот, а во моментов во свињарската фарма на увид се екипи од ОВР Свети Николе, јавен обвинител, како и трудов и санитарен инспектор.

    – Настанот во СВР Штип е пријавен во 11.01 часот, а се случил околу 10.30 часот. На лице место починал работникот О.Т. роден 1978 година, а второто лице, односно работник С.Ј. роден 1971 година е пренесен во комплекс Клиники во Мајка Тереза во Скопје – вели Панајотова.

    Таа посочува дека телото на починатиот работник ќе биде предадено на обдукција, повеќе информации за оваа трагедија во свињарската фарма во село Амзабегово во Свети Николе се очекуваат во текот на утрешниот ден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img